Најновите колекции на 15 брендови за најмладите, достапни во „Скопје сити мол“, беа претставени на ревија за деца, во организација на Моден викенд-Скопје, на последниот ден на „Саемот за деца“ кој се одржa од 20 до 23 ноември. Беа презентирани детска облека, обувки, играчки, книги и бебешка опрема за есен -зима 2014/2015 година на „Chicco“, „Tea colours“, „Bebe confort“,„Tritex“, „Крш“, „Kegi shoes“, „Carter‘s“, „Terranova kids“, „Икона“ , „Sportvision Kids“, „Kimico“, „SAM 0-13“, „Baby Blue“, „Original Marines“, „Minerva“ со „Просветно дело“ и „Lc Waikiki“ , а колекциите ги носеа моделите од детската група на модната агенција „Подиум“. Четиридневниот саем беше составен од едукативни игри, забавна програма, натпревари, претстави и танци.
Нема коментари