На почетокот на секоја модна сезона ги анализираме трендовите предложени од големите модни брендови и дизајнери, што значи и организирање на сопствениот гардеробер и правење список што ново да се купи, која облека ќе ја носиме од претходните сезони, како и тоа кои парчиња нема да се носат и можеме да ги тргнеме на страна. Иако сметаме дека стилот е индивидуална работа и дека скоро сите трендови се валидни, сепак одредени парчиња и тенденции се одвојуваат како успешни и на некој начин модерни.
Модни парчиња кои ќе бидат тренд претстојнава пролет и според советот на модните познавачи треба да ги купите се сако, во мода се вратија и бермудите, а вистинско пролетно-летно парче се белите фустани и блузи со дупчиња како во англискиот вез. Ќе ја разведрите гардеробата со облека со бои како виолетова, бебешко сина, минт зелена и жолта. Нови тренови се пачворк-шарата, корсетите и мрежестата облека.
Новата сезона не значи сосема нова облека, постојат парчиња од минатите сезони што можете да ги вметнете и во модата за оваа пролет, како на пример волуменозните сакоа што ги носевме есента, цветните фустани со макси должина, широките панталони и женствените кошули со пуф-ракави.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари