Идните невести кои сè уште не ја избрале идеалната венчаница, ќе може тоа да го направат на првото издание на The Bridal Fashion Night, што ќе се одржи на Денот на вљубените и на виното, 14 февруари, со почеток во 19 часот во Музејот на македонската борба за самостојност и државност во Скопје. На настанот во организација на Моден викенд-Скопје ќе може да се погледнат најновите модели на македонските дизајнери и реномирани бутици за венчаници: Студио Ziane, MCouture by Mila Kadriu, Al Aparel, Emili Exclusive Design, Ателје Zana и Бутикот за венчаници Bianka. Вечерта ќе биде исполнета со модни ревии за сите дами кои се подготвуваат за најпосебниот ден во животот. Покрај големиот избор на невестински фустани, на модната писта ќе можат да се видат и вечерни тоалети.
Креациите ќе ги носат манекенките од модната агенција „Подиум“, мејкап и бјути партнер на настанот се Cosmo во соработка со FreshMinerals (шминка), брендот Rolland во соработка со фризерските студиа „Бубе Студио ин“ и Cool Cut (фризура). Декор-партнери на настанот се FANCY Marriage – „Ние ги организираме вашите спомени“-организација на свадби и други свечености. Моет и овојпат „Поврзува двајца за елегантен и весел Валентајн или за значајни моменти во животот“. Peugeot е секогаш тука да понуди соодветен модел на возило по мерка на сопружниците, за секој нов ден да им биде уживање при возењето. Од годинава Моден викенд-Скопје покрај организацијата на најголемиот моден настан што се случува кај нас, застанува и зад новиот проект- The Bridal Fashion Night кој воедно е и прв од ваков тип во Македонија.
Нема коментари