Business of Fashion ја лансира #tiedtogether иницијативата за да промовира инклузивност за време на месецот на модата во Њујорк, а секој што сака да го поддржи движењето што го покрена овој моден сајт, во следните денови и на модната недела во Њујорк ќе носи бела „бандана“ марама со црна шара. Преку оваа инцијатива модниот свет ќе го искаже гневот против постоечката светска политичка клима и одлуките на претстедателот Доналд Трамп во однос на мигрантите, абортусот и за уште неколку горки теми. Иницијативата на BoF означена како #tiedtogether ќе промовира инклузивност, различност и единство.
BoF ги замоли дизајнерите, публицистите, моделите, инфлуенсерите, шминкерите, фризерите и останатите вклучени во модниот свет да ги носат марамите со што ќе му покажат на светот дека веруваат во единство и инклузивност за сите луѓе. „Ова не е политички став, туку позитивна изјава за поддршка на човештвото во ова кризно време додека постои страв во многу земји низ целиот свет“.
-Во модата, визуленото често е погласно од зборовите – вели Имран Амед, основачот на BoF во отворено писмо до медиумите, во кое ги замоли и читателите да покажат едноствна и единствена визуелна изјава така што ќе носат бандана марама, како знак дека веруваат во заедништво на целото човештво, без разлика на расата, сексуалноста, полот или религијата.
Иницијативата е откриена вчера и веднаш се покажа на вчерашната ревија на Томи Хилфигер во Лос Анџелес на која манекенките имаа заврзано бандана марами околу рацете. Дизајнерите Дајан фон Фурстенберг, Прабал Гурунг, Филип Лим и Такун, кои за себе велат дека се мигранти кои работата на американската сцена, веднаш ја потпиша иницијативата.
Нема коментари