Црно-белите комбинации никогаш не изгледале толку шаренолико и впечатливо на црвениот килим…. Со секое свое појавување музичарката и актерка Џанел Моне дава нова модна возбуда со навидум здодевниот спој на двaтa базични тонови. Цврсто посветена на црната и белата боја, со ретки отстапувања со сиви или црвени креации, таа на свој, уникатен начин ги носи моделите со потпис на најпознатите модни куќи и дизајнери на денешницата. Ја видовме во драматични креации од Chanel, Balmain, Dolce & Gabbana, Armani, како и од австралискиот креатор со македонско потекло, Тони Матичевски.
Најчесто носи машки костуми, бели кошули, како и модели со несекојдневни кроеви, асиметрични фустани, пончо, наметки , кај кои црно-белата шара ја дополнува артистичката приказна. Без разлика дали е на црвениот килим, на модна ревија, гостување во некое ТВ-шоу, или случајно уловена на улиците, таа секогаш има комплетен стајлинг, со соодветни шапки, чевли, накит и необични чанти. Обожува театрални физури и накит, а најмногу носи црвен кармин.
Соул-мизчарката, која зад себе има три албуми, изминатите 18 месеци се посвети на својата актерка кариера. Оваа дипломка на Американската музичка и драмска академија во Њујорк, игра во двата актуелни филмови, Hidden Figures и Moonlight. За време на доделувањата на престижните филмски и телевизиски награди, на кои овие два проекта постигнаа голем успех, се појави во впечатливи црно-бели креации, продолжувајќи ја сопствената традиција за носење црно-бели модели, давајќи му нова димензија на своето музичко андрогено алтерего. На „Златните глобуси“ носеше креација специјално направена за нејзе од „Армани“, а на SAG Awards беше во цветен фустан од „Шанел“. Следува листа со најинтересните нејзини стајлизи.
Нема коментари