Коси обоени во дречливи бои, интересни капути, кашмирни џемпери, жени, ама и мажи облечени во бунди, скандинавски минимализам… гостите на ревиите на модната недела во Копенхаген што деновиве се случуваше во данскиот главен град, покажаа фантазија во облекувањето на голем студ. Без двојба, мажите се далеку повпечатливи во модниот избор, не се плашат од бои, шари и авангардни детали, додека жените повеќе бираат спортски и практични парчиња. Погледнете што се случуваше на улиците на Копенхаген.
Нема коментари