Пепито е дезен на ткаенина со двобојни квадратчиња. Најчесто тоа е црно-бела, но има и комбинации со дриуги бои. Обично како основа се јавува црната боја. Шарата наликува на прекршени шах-површини или разиграни четириаголни површини. Потеклото на зборот е од англиската кованица puppytooth (заб на кученце). Се претпоставува дека шарата потекнува од Шкотска. Најчесто пепито-дезенот се среќава на волнени ткаенини и е асоцијација за есенски и зимски модели.
Нема коментари