Мониста (или монисто) е продупчено зрно од обоено стакло, килибар или друг материјал, за правење на накит. Најчесто се користи за изработка на модни додатоци, но и како украс на облеката или во домашниот ентериер. Покрај стакло и кристал има мониста и од дрво, пластика, метал и друго. Најчесто е светкава, а е во разлини големини и форми.
Функцијата на монистата е да нагласи некој веќе постоечки принт, или да создаде нов мозаик. Во средина на секое парче има дупка која овозможува полесно везење, сошивање или редење. Се среќава во носиите на повеќе народи.
Нема коментари