Кафтан е вид долга горна облека, обично од чоја. Тој е во вид на удобен фустан без крој со долги ракави. Има изглед преземен од тип на машка облека, носена во источните земји, Азија и делови од северна Африка. Порано најчесто бил комбинација од памук и свила, а препознатлив е по нагласените шари. Во западниот свет стана дел од секојдневната облека во 60-тите и 70тите години, како дел од хипи-модата, која вклучува етно-креации. Денеска, покрај како традиционална облека, се носи и како креација што го заштитува телото од силните сончеви зраци, па многу е популарен како модел за на плажа. Во уличната мода се познати и како марокански прекривки.
Нема коментари