ФИЛЦ е фина материја која најчесто се користи за израбитка на шапки . Станува збор за неткаен материјал, који се добива со пресирање на влакна од животинско порекло. Некои типови на филц се многу меки, а други се доволно цврсти за да се користат како градежен материјал. Може да биде во било која боја, големина и облик.
Филцот е еден од најстарите материјали, познат на човекот. Технологијата на негова изработка е постара и од ткаењето и од плетењето, а сè уште се употребува кај некои номадски нардои во Централна и и Источна Азија, каде што се користи за изработка на шатори. Во западниот свет филцот има широка употреба, од применета уметносt, особено дизaјнот на текстил каде што многу е ценет како еколошки материјал. Најчесто се користи за изработкана чанти,чапки и на модни додатоци.
Нема коментари