Колку пати ви се случило да забележите и инстантно да ви се допадне блуза или чевли на некоја девојка што поминала покрај вас, па се мислите од каде ги набавила и дали да ја прашате од каде ги купила!? Сега постои нова апликација, ASAP54, која ќе ви го олесни купувањето и ќе ви помогне да пронајдете сè што ќе посакате и забележите. Апликацијата во едно ги комбинира визуелната технологија на препознавање, услугата на личен стилист и влијанието на социјалните мрежи. Слично како што музичката апликација Shazam идентификува песна на основа на краток аудио-клип, така и ASAP54 детектира моден бренд на основа на фотографија на аутфит. Доколку апликацијата не може да го пронајде конкретното модно парче, тогаш на располагање ви е тим од стилисти кои во рок од 24 часа ќе ви понуди алтернатива на бараниот аутфит. Засега апликацијата е достапна само за iPhone и може да се симне овде.
Нема коментари