Топ моделот Хилари Рода викендов се венча со поранешниот хокеар Шон Ејвери во музеј на уметност во близина на Њујорк облечена во бел долг фустан од дизајнерката Каролина Херера, со црн оклувратник и детали од светкава ткаенина во смарагдно зелена боја. Венчаницата што Херера ја направи за манекенката ја редефинира визијата за модерна невеста, елегантна и рафирнирана, сосема поразлична од вообичаените свадбени фустани од тул и тантела, а со непредвидливи детали во интензивни бои. Невестата носеше дијамантски обетки од
Chopard и стајлингот го дополни со шминка во природни тонови и едноставна пунџа.
Нема коментари