H&M повторно ја буди пролетта со модерни кроеви и рафинирана романтика
Модниот бренд H&M ја откри кампањата за колекцијата за пролет 2024 во која доминираат белата боја, модели со бел вез, сребрени материјали и светол џинс. Пролетната колекција го спојува модерното кроење со рафинирана романса, со акцент на волуменот и чистите линии, а дефинирана со минималистичка палета на бои. Впечатливите парчиња вклучуваат бел мини фустан кој комбинира едноставност со елеганција, обемни балонски ракави кои додаваат драматичен момент и комбинации инспирирани од деловната облека кои ја спојуваат функционалноста со стилот. Колекцијата содржи лежерни костими, бели кошули и блузи, здолништа со крупен вез, облека од сребрена кожа, фармерки и јакни од светол џинс. Комбинациите се комплетирани со сребрени обувки, чанти и накит. Дизајнерскиот тим за колекцијата вели таа е под силно влијание на темите за обновување и нови почетоци, сродни на првите пролетни цвеќиња.
Нема коментари