Дизајнерката Дајан фон Фурстенберг креираше мини колекција на футроли за iPhone, Kindle и други електронски гаџети, но најголем впечаток ни остави чантата наречена Harper Connect во која на стилски начин може да го сместите вашиот таблет iPad. Чантата е произведена во различни бои, има дебела рачка и модерен детаљ во облик на реси, а не мора да ја користите само затоа што има специјална преграда за iPad, бидејќи и без овој дел изгледа солидно. И да, има солидна цена од 695 долари!
Нема коментари