Шест познати и инспиративни дами од повеќе области: Индира Кастратовиќ, Наташа Петровиќ, Милена Антовска, Лабина Митевска, Ана Јовковска и Вера Милошевска се приклучија на Моден викенд-Скопје во поддршка на кампањата на Канцеларијата на УНДП во Скопје – „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата –сега ! “. Тие позираа во маички инспирирани од оваа кампања, дизајнирани од младите креатори Алмир Мили и Ивана Цветковска. Едиторијалот го сними фотографот Марко Марковски. Фотографиите ќе бидат објавени на 8 април во списанието „Теа Модерна“, кое е медиумски покровител на проектот.
На денешната средба со новинарите vo во Beauty bar тимот на Моден викенд-Скопје го најави 11-тото издание, кое ќе се одржи од 1 до 5 април. Пролетното издание почнува со моден маскенбал на први април во клубот „Станица 26“. На трети април во петок, со шоуто на Росица Мршиќ стартува ревијалниот дел кој ќе се одвива три дена во катната гаража „Солунски когрес“. За време на викендот ќе ги видиме ревиите на студентите од Факултетот за Арт и дизајн при ЕУРМ, Evee by Ivana Cvetkovska, Алмир Мили, Флутура Дедиња, Ирина Тошева поддржана од My:time, Венера Мустафа, Јована Марковиќ, ФА-БУ, модната куќа Менакон (со модели достапни во Adora For You во Тетово), Linea collection, Дејан Тодоровиќ и модната куќа Hera Couture . Пролетното издание ќе го затвори модниот перформанс на Олгица Ѓеоргиева во соработка со Prima Danza. Посетителите ќе ги видат и изложбата на професорите од ЕУРМ наречена АРТЕРИЈА-АНТЕРИЈА, модната инсталација на Fashion Group Македонија во соработка со блогерката Јована Зука и меѓународната фото-изложба „Модата и културното наследство“организирана од Британски совет во Македонија и Британскиот моден совет. И овојпат по ревиите ќе се одржуваат Red bull- забави во кафулето „Концепт 37“.
Во организација на Моден викенд-Скопје , на 17 април во скопската винарија „ Камник“ ќе биде прикажана најновата колекција на MCouture by Mila Kadriu. Официјален партнер за фризура на единаесеттиот Моден викенд-Скопје е „Lakme“ во соработка со „Бубе Студио Ин“ , официјален партнер за шминка – Manhattan, официјален партнер за убавина е „Cosmo“ во соработка со „Clarins“ и „Shiseido“ а официјален парфем на пролетното издание е Ortensia- од природата за жената со стил, на италијанскиот бренд L’Erbolario. Официјално кафе на настанот е Attibassi за кое преку специјален проект модната дизајнерка Искра Џокиќ и графичката дизајнерка Анита Гај осмислија нов изглед за дизајн на шолја која што ќе биде limited edition и ќе се приклучи на веќе постоечките колекции.
Денеска на Скопски саем во рамките на едукативната и бизнис програма на Моден викенд Скопје, поддржана од најсовремената технологија на CISCO Systems TM, ќе се одржи видеоконференција (вебинар) на која основачот на Global Fashion Management Тиери Бајле во живо од Лондон ќе одржи предавање и менторски сесии. Бајле кој ќе зборува на темата „Топ златни правила за зголемување на продажба“ повеќе од две децении се занимава со консултантство од областа на модниот бизнис. Неговото професионално портфолио вклучува клиенти како Alberta Ferretti, Calvin Klein, DKNY, DVF, Kenzo, Monnalisa, Moschino, Paula Ka, Sergio Rossi, Smalto и Versace.
На предавањето на Бајле освен модни дизајнери ќе присуствуваат и претставници на македонски фабрики- членки на Текстилниот кластер Македонија а индивидуални менторски сесии ќе имаат Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Јована Филиповиќ , и претставници од „Линеа“ и „Саитис “. Од 27 до 29 март во компанијата за едукација и поддршка на млади таленти NewMan’s Business Accelerator во Скопје се одржа работилница на тема „Развој на моден бизнис“ под менторство на Жан Бутон. На тридневната работилница учествува Емилија Норис, Ирина Тошева, Лили Кадинска ( Ле Бренд ), Мелани Димитровска, Олгица Ѓоргиева, Росица Мршиќ, Симона Ристовска и Теа Пупкова. Жан Бутон кој доаѓа од Париз, има долгогодишно искуство во развој на бизнис и бизнис стратегија. Неговото портфолио вклучува работни позиции во маркетинг и комуникации, консултантство и проект-менаџмент. Моментално работи како главен финасиски менаџер за македонско-францускиот бренд „Ристо“ основан од познатиот македонски дизајнер Ристо Бимбилоски кој над две децении работи во Париз.
Нема коментари