Новата генерација на талентирани млади актери се заштитните лица на четиринаесеттото издание на Моден викенд-Скопје (FWSK) кое ќе се одржува од 28 до 30 октомври, под мотото Talent is a new sex. Пред објективите на Ани и Дими, во улоги на модели влегоа Стефан Вујисиќ, Наталија Теодосиева, Владимир Петровиќ и Билјана Јовановска со што викендов започнаа подготовките за тридневното есенско модно случување.
-Новиот милениум донесе една цела генерација на паметни, талентирани и храбри ѕвезди на театарот и киното. Ова поврзување на актерите и модниот свет е всушност поврзување на талентите, индивидуалноста, естетиката и креативноста од различни светови. Сакаме синергија на најдоброто од различните полиња на уметничкиот израз – велат организаторите на Моден викенд-Скопје.
За фризурите се погрижи тимот на Cool Cut во соработка со LAKME а за шминката Јована Коциќ во соработка со GOSH. Стајлингот на актерите го осмисли познатата модна блогерка Јована Зука со модните парчиња и аксесоари од Fashion&Friends и Parfois.
Бекстејџ фотографиите ги потпишува Марина Трајковска. „Благодарни сме што Музејот на своремената уметност во Скопје и Smart Living ја препознаа нашата идеја и безрезервно ни овозможија да направиме фотографии кои ќе се паметат“, додаваат организаторите.
Нема коментари