Јубилејното, десеттото издание на Моден викенд-Скопје, што ќе се одржи од 23 до 27 октомври, ќе биде во знакот на сензуална геометрија, чисти форми и неонски бои. Фотосесијата за новиот имиџ означи старт на подготовките за претстојната сезона есен-зима 2014/15. Заштитно лице е моделот Моника Алексовска од агенцијата „Подиум“, која ја доби наградата на Stylist.mk за најдобра манекенка на годинашното пролетно издание на Моден викенд-Скопје.
Визуелната порака на сезоната содржи елементи од колорните контрасти на оптичката уметност и заводливата мода од 60-тите години на минатиот век. Графичкиот минимализам и сензуалноста претставени преку дигитални цветови кои беа застапени минатата сезона овој пат се преточени во поедноставен облик.
-Оваа есен-зима ќе ја одбележи безвременскиот, класичен изглед со нагласени очи, црн туш , истакнати трепки и сензуални усни. Вистински редизајниран Твиги-стил – вели мејкап артистот Зоран Шурбевски, кој се погрижи за шминката во соработка со AVON кој е и официјален партнер за шминка на ова издание на Моден викенд.
За трендовите во однос на фризурата , користејќи ги производите на LAKME познатиот стилист Бубе од фризерското студио „Бубе Студио Ин“ вели : „Строгите линии кои ќе бидат апсолутен тренд следната сезона на изгледот му даваат моќност и безвременска женственост.“
Креацијата што ја носи Моника на фотосесијатае дизајнирана од младиот Виктор Цветановски, кој сепогрижи и за стајлингот.
Тимот задолжен за имиџот е во продукција на директорката на Моден викенд-Скопје, Светлана Богова Јовановска, Концептот и дизајнот се на Анита Гај, фотографиите ги сними познатиот тандем: Ани и Дими, видеото го направи Марина Трајковска, а кастинг директор е Ирина Илиевска.
Нема коментари