Овосезонското издание на Моден викенд-Скопје почнува утре со ревиите на Јован Петровски и Јована Филиповиќ во Мала станица, но модните фотографии од проектот „Арт ограда“ на Општина Карпош и FWSK нудат претпремиера во новите колекции на дизајнерите што ќе учествуваат на модната манифестација. Шеснаесет големи пано-фотографии од денеска се поставени на оградата на „Архив на град Скопје“ (на аголотот на улица Московска и булеварот Партизански одреди во населбата Карпош 3), а на отворањето на оваа модна изложба на отворено присуствуваше и градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски. Според него ова е одлична можност да се промовира модата, но во исто време и специфичните и интересни локации во општината.
На проектот работеа фотографите Ани и Дими, Марко Маркоски и Стефан Николовски, а на осум рзлични места во Карпош фотографирани се новите модни креации на Росица Мршиќ, Лидија Георгиева, Јована Филиповиќ, Александра Митковска, Олгица Ѓоргиева, Ирина Тошева, Стефанија Насеска, Le Brand, Никола Петровски, Мила Кадриу, Андријана Динева (Куфер), Инес Шабан, Јована Филиповиќ, Оливера Штакоска, Златко Јовановски, модната куќа HERA и „Софиленд“. Погледнете како изгледаше отворањето на модно-уметничкиот проект, а подолу се фотографиите од изложбата и информациите за дизајнерите, нивните модели и локациите на кои се направени. Изложбата ќе биде отворена до 22 ноември.
Нема коментари