Од првото појавување на Кроазета во црвениот комбинезон со потпис на Juan Carlos Obando, Блејк Лајвли е во центарот на вниманието на актуелниот Кански филмски фестивал. Русокосата актерка, која го очекува своето второ дете, изминатава недела не престанува да одушевува со својот моден избор и беспрекорниот стајлинг. На црвениот килим во Кан грационзо прошета во модерни и раскошни креации од најголемите модни куќи и дизајнери како: „Шанел“, „Валентино“, „Версаче“, Вивиен Вествуд…
Сите очи беа вперени во нејзе кога се појави во кадифениот жолт фустан во стилот на 70-тите од Valentino , како и на премиерата на новиот филм на Вуди Ален, Cafe Society, каде што игра и Лајвли. Беше облечена во секси транспарентна крем креација од Atelier Versace, збогатена со кристали од Swarovski. Следеше шик белата креација со наметка од Giambattista Valli, црвеното мантилче од „Шанел“, Salvatore Ferragamo и други.
Како вистинска дизни-принцеза беше во раскошната бела креација од Вивиен Вествуд во која изгледаше како Пепелашка и сината секси тоалета, специјално направена за нејзе, со која потсети на Елса од анимираниот филм Frozen. Со овој фустан конечно убаво се виде мешето на бремената актерка.
Сите стајлинзи беа комбиниранис о дисретен накит и чевли на високи потпетици-нешто што езаштитен знак за Блејк, која не ги замени со ниски чевли ни во претходната бременост. Шминката беше нежна, природна, а костата дури и кога беше собрана имаше доза на лежерност. Со секое свое појавување потврди дека таа е новата американска модна икона, спој меѓу екстраваганцијата на Сара Џесика Паркер и џик елеганцијата на Гвинет Палтроу.
Нема коментари