Тешко е да се замисли удобен и стилски изглед за есен и зима без капут – тоа модно парче е можеби првото што го облекуваме кога времето е студено. Но сезонава капутот ќе го замениме со едно друго парче – зимската наметка. Наметката е еден од главните стилови што беше предмет на креирање на познатите дизајнерску куќи, знаејќи дека може да биде клучна стилска замена за капутот. А модните куќи како Валентино, Живанши, Селин, Мајкл Корс, Диор, Лоеве и многу други за есен-зима 2020/21 понудија различни верзии на наметки – од модели во стилот на мантил, карирани, плетени, во вид на пелерина или пончо, долги и впечатливи од кожа, во вид на ќебе или на поширок шал.
Што е наметка? Парче облека наменето за носење надвор, слично на капут, ама без ракави, но најчесто со отвори за рацете. Од името можеме да заклучиме дека се наметнува, нели? Се наметнува врз останатата облека, во комбинациите за оваа зима забележуваме подебели модели кои неретко се носат како главен горен дел наместо капут.
Наметката можете да ја носите на различни начини. Најочигледен и практичен е како обичен капут. Комбинирајте ја со високи или трендовски војнички чизми. Со цел да ја направите силуетата поженствена, можете да користите широк појас околу струкот – тој ќе ја дефинира половината и ќе помогне да не изгледате како да сте се „удавиле“ во предимензионираните модели на наметка. При изборот на наметка, не заборавајте на трендовите на сезоната: периодов релевантни се монохроматскиот изглед, колор-блок решенијата и широкиот крој.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари