После повеќегодишно носење на долга коса и брада, познатиот актер и музичар Џаред Лето одлучи да направи драматична промена и ја скрати косата и ја избричи брадата. Познат по својот необичен стил, Џаред долго време имаше омбре-боење во косата и разни должини на брада, а поради поради улогата на Џокер во новиот филм Suicide Squad, направи промена на имиџот. Четирисет и три годишниот актер веќе неколку пати направи трансформација за филмска улога, а последната како транссескуалецот Рејон во„Клубот на потрошувачи од Далас“ му ја донесе наградата „Оскар“. Џаред вчера на своите социјални мрежи прво објави фотографија на која пишува тиктак, а потоа режисерот на Suicide Squad, Дејвид Ајер, постираше како сега изгледа актерот.
Нема коментари