Мејми, Грејс и Луиса Гамер, трите ќерки на оскаровката Мерил Стрип се појавуваат како модели во новата кампања на Clare Vivier x & Other Stories Co-Lab. Трите русокоси девојки, кои неодоливо наликуваат на својата мајка, позираат во урбана средина облечени во фармерки и лелави кошули, како и модерни аксесоари на етикетата, во сопственост на шведскиот бренд H&M. Во фокусот се модните додатоци, дизајнирани од Клер Вивиер, која е пријателка на сестрите Гамер. Тие се со минимална шминка и слободно пуштени коси, покажувајќи ја својата природна убавина.
Колекцијата на & Other Stories, Co-Lab, содржи колоритни чанти и едноставни балетанки и мокасинки, кои ги носат Мејми, Грејс и Луиса на фотографиите.
Нема коментари