Париската улична мода за време на модната недела се смета за наинтригантна и доволно експресивна колку и самите дизајнерски колекции, секогаш донесувајќи нова силуета, чувство на ноншалатност додека се носат дури и најкомплицираните комбинации, голема доза на шик и париски осврт на тенденциите. Парижанките сакаат креации од Vetement, „Луј Витон“,Céline, „Шанел“ и ги носат на свој модерен начин, а кога во градот ќе се појават и најважните припаднички на модната индустрија кои ги следат модните ревии, тогаш се појавува микс од трендови кои ги забележавме и по улиците на Милано, Њујорк и Лондон – џинс, патики, бомбер-јакни, необични чанти и текстури, сакоа со неконвенционален крој, металик чевли со ретро изглед, шарени палта, и мнооогу ексцентрични аутфити за оние најсмелите.
Нема коментари