Торба, налик на тие што најчесто се носат на пазар или на шопинг, благодарение на модната куќа Balenciaga стана посакуван моден додаток. Новиот креативен директор на Balenciaga, Демна Гвасалија, всушност направи поскапа верзија на пластичните торби за на пазар. Станува збор за голема чанта со пруги, која наиде на добар прием кај блогерките и ѕвездите од уличната мода, како Наташа Голденхерг и Пернил Тајсбек. Доста се носеше и за време на Модната недела во Копенхаген.
Нема коментари