Следната модна изложба во њујоршкиот музеј Метрополитен и свечениот настан по повод отоварањето ќе биде со футуристичка тема и според според одборот на Мет Гала ќе биде насловена Manus x Machina: Fashion in the Age of Technology. Мет Гала вечерата е најавена за 2 мај 2016 година, во пресрет на годишната изложба во Институтот за костими при Метрополитен, што во модната индустрија се смета за еден од најзначајните настани. Изложбата ќе се фокусира на дихтомијата помеѓу рачно изработената висока мода и облеката создадена со помош на машини. Главна домаќинка на настанот е уредничката на Vogue US, Ана Винтур, а за кодомаќини се назначени Тејлор Свифт, Карл Лагерфелд, Идрис Елба, Николас Геские, Мијуча Прада и извршниот дизајнер на Apple, Џонатан Ајв.
-Традиционално, разликата помеѓу високата мода и претапорте се правеше на основа на рачно изработеаи и машински изработена облека, но во последно време таа разлика стана невидлива бидејќи двете дисциплини ги прифатија практиките и техниките на другите – смета Ендрју Болтон, куратор на Институтот на костими.
Изложбата ќе содржи повеќе од 100 модни парчиња, како рачно изработени кутур-креации со техники на везење, набирање и правење тантела, така и машински иработени дизајни во кои се користат нови технологии како ласерско сечење, термо-обликување, компјутерско моделирање и кружни плетење. На изложбата ќе се одржат работилници на кои јавноста ќе има можност во живо да види како се оформуваат дизајни со помош на 3-Д печатење.
Нема коментари