Најмодерната забава со најмногу холивудски ѕвезди на едно место секоја година има на забавата на Vanity Fair, која се одржува по завршување на оскаровската церемонија. Според многумина, модата на овој настан често го надминува црвениот килим на Оскарите. Можеби затоа што настанот е ослободен од оскоровскиот притисок, а можеби и зашто дрескодот дозволува малку поголема стилска слобода. По завршување на официјалниот дел од доделувањата на наградите за најдобрите во филмската индустрија, ѕвездите ги менуваат своите раскошни и драматични фустани со помодерни и пошик креации. Годинава доминираа црната, крем, светлосина, бела, златна и сребрена боја. Покрај металик моделите имаше светкава мониста, транспарентни материјали, црна тантела, кратки фустани за забава и палта со машки крој. Стајлизните беа дополнети со скап накит и модни додатоци, но и чевли за танцување. Погледнете како беа облечени гостите на оскаровската забава на Vanity Fair.
Нема коментари