Еден до најпрестижните тениски турнири, „Вимблдон“, има подеднакво значење за модата како и за спортот. Традиционално, познати имиња од светот на филмот, модата, политиката, телевизијата и музиката ги бодрат натпреварувачите, и притоа внимаваат тоа да го направат со стил. Меѓу редовните посетители е една од највлијателните жени во модата, Ана Винтур, која е голем фан на тенисот. Таа , како исотанатите гости беа модерни и елегантни. Овој пат носеше флорален фистан во А крој од Chanel. Во фокусот беше Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, со лимон-жолтата креација со минималистички крој од Roksanda. Модерна како и секогаш беше актерката Сиена Милер, во макси црвен фустан со бели и темносини линии од Burberry. Меѓу најубаво облечените беа и Гема Артертон и Ирина Шајк, двете со бели сакоа. Ким Мареј се појави во флорален розов фустан, а Пипа Мидлтон во бел трендовски фусатн со цветови и карнери. Во публика беа забележани и Дејвид Бекам со синовите, Бредли Купер, Јасмин Ле Бон и други.
Нема коментари