Македонските спортисти беа едни од ретките што на вчерашното отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи, Русија не се појавија униформирани во драматични, специјално изработени креации. Дарко Дамјановски, Антонио Ристевски и Марија Коларовска, кои ги бранат боите на нашата земја на 22. издание на оваа манифестација, изгледаа едноставно, со црвени, односно црни спортски зимски јакни и панталони, што изгледаше скромно во однос на некои модели во кои се појавија поголемиот дел од претставниците на земјите-учеснички од целиот свет.
Најголема фама се крена околу стајлингот на германските репрезентативци. Носеа јакни налик на виножито, во жолта, зелена, сина и бела боја, комбинирани со портокалово-црвени панлони, капи и шалчиња исшарани со цветови. Моделите, произведени од компанијата „Адидас“ ги дизајнира поранешниот апски скијач и креатор, Вили Богнер. Германските олимпијци носеа униформи креирани од Богнер на 17 зимски Олимпијади. За новите модели бил инспириран од неговата љубов кон скојањето игерманското наследстсво . Истовремено сакал да му оддаде почит на градот-домаќин Сочи, па затоа се одлучил за флорални принтови кои се среќаваат во рускиот фолкор. Многумина овие униформи ги доживеаа како паралела со знамето-виножито за поддршка нар азличностите и за правата на хомосексуалците. Но Германците ги демантираа коментарите дека моделите носат политичка порака до Русија.
Втори на тапет беа креациите што ги носеа Американците, дизајнирани од славниот креатор Ралф Лорен. Спортистите ја отпоздравија публиката во Олимпискиот стадион во Сочи облечени во џемпери со копчиња, извезени со националните симболи, знамето на САД, олимписките кругови и годината 2014 . Намерата на креаторот, кој ги осмислува униформите на американските претставници на Олимпијадите од 2008 година, била да создаде патриотски изглед. Но тој доби само негативни критики за идејата. Креациите повеќе наликуваат на божикни џемпери, отколку на спортски модели.
Во божикен стил, поточно а ла костум на Дедо Мраз, беа моделите на руската репрезентација. Спортистите на земјата-домаќин носеа дизајни на BOSCO. Инспирацијата била земена од минатото на Русија, со традиционални мотиви и принтови. Дамите носеа долги бунди во бело, црвено и темносина боја, надополнети со крзно, на рабовите изевзени со фолкорна шара. Машките спортисти, пак, беа опремена во ретро-палта кои потсетуваа на морските модели, порабени со овча кожа.
Меѓу многуте шарени и бизарни модели, можеа да се сретнат и дебели зимски јакни налик на хавајки или на овчарска прекривка, шатор-модели, шорцеви и други несекојдневни решенија. Сепак, имаше и репрезентации што покажаа висока модна естетика. Пофалбите отидоа на адреса на Канада, Франција, Италија, Велика Британија, Шведска, Естонија и Холандија.
Екипата на Канада според многумина беше најдобро облеченатана на церемонијата на отворањето на Олимпијадата. Спортистите се појавија во црвени, стилизирани капути, попознати како ѓубретарци, со црна лента на долниот дел ина ракавите, креирани од Hudson’s Bay. Моделите беа комбинираби со црни панталони и волнени капи и ракавици во црно-бела боја на кои имаше испишано „Канада“.
Листата на добри стилски решенија продолжува со Франција, чии претставници носеа јакни скорени во вид на сиво елегантно бизнис-палто со три копчиња, со потпис на Lacoste. Оваа компанија има долга страдиција на соработка со Францускиот Олимписки комитет, а и самиот основач, Рене Лакост, бил олимпиец во 20-тите години на минатиот век . Сакоата се комбинирани со крем панталони и бели џемпери со црвена исина линија на околувратникот. Во овие бои се и плетените капи.
Популарниот шветски бренд за секојдневна облека H&M ги облече спортистите од својата земја. Швеѓаните носеа модерно стилизирани модели во колоритна шема инспирирана од нивното знаме, со темносина основа жолти додатоци. За жените скроени се темносина туника и долго палто, во комбинација со хеланки и капа исшарани со жолто. Кај мажите има џемпери во жолтабоја и анталоните се во стилот на ретро-костим за скијање.
Италијаните по вторпат носат униформа од Џорџо Армани. Елегантните модели инспирирани од костим за скијање се во морнарско сина боја и се со егрономичен дизајн. Моделите се украсени само со олимпискиот амблем и со италијанското знаме.
Темносини се и зимските модели на претставниците на Велика Британија. Традиционално, како изминатите 30 години, Британците носат креации од познатиот бренд за спортска облека „Адидас“. Сините тренерки се со околувратник како за опрема за скијање, со патент и со црвени додатоци.
Естонците се појавија во креации од Monton. Парчињата се инспиритани од нордиската белина и дивина, украсени со традиционални шари во црна боја. Станува збор за бела јакна со крзно и бел џемпер комбинирани со сиви спортски модел на панталони.
Едно од помодерните изданија беше решението на ASICS за холандскиот олимписки тим. Јакните во црно-портикалова комбинација се куси и ребрести. Стилски се споени со црни панталони, шарени зимски чевли и капи со препознатливиот портокалов тон.
Спорскиот бренд Descente за 246-те претставници на Јапонија дизајнира бели долги јакни налик на докторски мантили , и темнсоини панталони, кои се прилагодливи на пременливата температура во Сочи.
Нема коментари