Најпознатиот музички фестивал во Велика Британија, Гластонбери, вообичаено почна со дожд и кал, но искусните музички вљубеници знаат дека најважното модно парче се гумените чизми. Кога е модата тема на Гластонбери, познатите велис-чизми одговараат во секаква комбинација, од бохо-шик до малку погламурозен стил, како на пример сребрениот фустан што Алекса Чанг го носеше викендов на фестивалот. И останатите познати личности што се журкаа на Гластонбери избраа впечатлива, колоритна, па дури и гламурозни комбинации од светкави фустани и дизајнерски чанти, со што фестивалскиот дрескод годинава доби погламурозна нота. Најгрешен стајлинг дефинитовно имаше Ким Кардашијан, која што на фестивалот дојде да го бодри сопругот Канје Вест, чиј ангажман како главна ѕвезда на саботната фестивалска вечер ја налути долгогодишната публика на фестивалот. Ким се појави во долг припиен и сосема проѕирен црн фустан и во сосема несоодветни сандали со високи потпетици.
Нема коментари