Доделувањата на музичките награди носат добра забава, но и лоша мода. Тоа се покажа и на BRIT Awards, кои се одржаа вчера во Лондон, каде што присутните можеа да погледнат добро шоу на сцената и вистински дебакл на црвениот килим. Поп-ѕвездите, со неколку исклучоци се одлучија за светкави и разголени креации, кои многу не се разликуваат од костумите за настап. Во сребрена мини креација со кристали се појави Кети Пери. Светки имаше на зелениот фустан на Рита Ора, а Ели Гулдинг се решила за долга црна тоалета со многу отвори. Во сличен манир беше и изгледот на Пикси Лот, како и на Моли Кинг. Атрактивно изгледаа Наоми Кембел и Никол Шерцингер со шорцевите и високите чизми.
Меѓу поелегатните модни решенија беше она на добитничката на наградата за најдобра британска соло пејачка-Емели Санде, која носеше горен дел во вид на кимоно и здолниште во црна боја со трендовски везови. И моделот Доуцен Крос, отскокнуваше со отмениот бел фустан со црни додатоци. Гламур, како за на холивудски црвен килим донесе манекенката Наталија Водијанова, со розова креација со пердуви.
Нема коментари