Откриена е темата на следната голема изложба во Институтот за костими при њујоршкиот музеј Метрополитен, еден од најважните настани во светскиот моден календар чие отворање е во знакот на балот Мет Гала. Изложбата што ќе се одржи во мај следната година ќе го третира односот помеѓу модата и религијата и според некои избпри подготовките се веќе почнати. Информацијата за темата ја објави релевантниот WWD, институтот сè уште ништо не коментара.
Меѓу модните дизајнери кои често ја третираат оваа тема во своите колекции се Жан Пол Готје, Рикардо Тиши, Џон Галијано, тандемот Доменико Долче и Стефано Габана кои вметнуваат мотив на Богородица во креациите на Долче и Габана. Се очекува нивните модни творби да бидат дел од изложбата.
Оваа година Мет Гала и изложбата помина во знакот на јапонската дизајнерка Реи Кавакубо и нејзиниот бренд Comme des Garçons. Изложбата посветена на нејзината работа е отворена до 4 септември 2017 година.
Нема коментари