Модна есен во ноември значи балансирање на облека за последните сончеви денови и носење на потенки слоеви и од другата страна облека за првите скоро зимски денови и носење потопла облека. Зависно од температрата во денот ќе носиме потенко палто или дебел капут, ниски чевли или високи чизми, елегантна блуза или плетен џемпер. Ќе ги вметнуваме и трендовите – нагласени раменици и предимензионирани кроеви, облека од кожа, плетени фустани со ролка, женско одело со широки панталони, челси-чизми со дебел ѓон, палта со изглед на фланелски кошули.
Нема коментари