Мода, вино, драма и секскапил се споија на последната модна презентација на Ивана Кнез и нејзината колекција Violent Delights што ја откри во привлечниот и ексклузивен простор на винарија „Камник“. Во пресрет на денот кога се слават православниот Св. Трифун и „љубовниот“ Св. Валентин, Кнез одлучи да прикаже провокативни модни парчиња со акцент на долната облека и на црвена боја. Дрескодот дефиниран на црно-бела облека, на влезот на настанот добивате црвена маска за поголема мистериозност и со чаша Rosè Sexy од „Камник“ и во романтичната атмосфера покрај каминот, почнувате да ја следите сексапилната модна приказна на „Драма“ потпишана од Кнез во која има елементи на страст, екстраваганција и сензибилен садо-мазо призвук. Кнез во Violent Delights креира ексклузивни модели, корсетирани парчиња, секси долна облека, провокативни фустани, микс на свилен сатен, транспарентни ткаенини, француска тантела и тафт, во црвена, црна и бела боја, финиширани со нејзиниот препознатлив накит.
-Violent Delights е предигра која освојува сетила. Луксуз на материјали и форми во разбранувани силуети што го освојуваат спротивниот пол и означуваат славење на страста и љубовта. Во знакот на виното „Розе Секси“ на винарија „Камник“ и сензуалноста со „Дурекс“ ја започнуваме модната година – изјави Ивана Кнез која исто така ја започна својата мисија на „Дурекс“ амбасадор.
Стајлингот беше дополнет со чевли од колекцијата за пролет-лето 2016 на брендот „Бата“.
Нема коментари