.
Четири млади холивудски актерки, кои одушевуваат со својот талент и убавина, позираа за кампањата пролет-лето 2014 на италијанскиот бренд „Миу Миу“. Во креации од новата колекција, стилизирани во имиџ препознатлив за нив, се појавуваат Лупита Нионго, Ела Фенинг, Елизабет Олсен и Бела Хиткот, јавува WWD. Фотографиите ги сними славниот тандем Инес ван Ламсвеерде и Винуд Матадин.
Нема коментари