Новогодишната магија од која Women’secret e неизбежен дел, започнува со промоцијата на краткото видео во која главна улога повторно има популарната шпанска актерка Елса Патаки. Видеото е направено во форма на мјузикл со кабаре тематика, а во него доминираат атрактивни парчиња кои ја истакнуваат женственоста и шармот кои во себе ги носат моделите од овој бренд.
Колекцијата на Women’secret е наменета за сите специјални моменти кои ги носи празничниот период, а ја сочинуваат елегантни модели во кои секоја жена се чувствува привлечно и секси. Провидните корсети и сетови во црна боја со деликатни додатоци од тантела и многубројни дополнителни украсни елементи, наскоро ќе бидат достапни и во продавницата наWomen’secret во Скопје.
Нема коментари