Холивудската актерка Мишел Вилијамс блеснува во креација од Louis Vuitton на насловната на априлскиот број на британски Elle. Таа носи фустан во портокалово-црна боја во стилот на 60-тите од колекцијата пролет-лето 2015 на брендот, чие заштитно лице е неколку сезони. Во неколку комбинации од брендот се појавува и во едиторијалот распослан на повеќе страници во магазинот. Фотографиите ги сними Кери Халиан. Во интервјуто за Elle таа зборува за предизвиците да се биде смохрана мајка, за кариерата , социјалниот живот и за настапите на Бродвеј.
Нема коментари