Првата дама на САД Мишел Обама се појави вчера на својата последна државна вечера во Белата куќа облечена во златен фустан од „Версаче“ заедно со сопругот Барак Обама. Двајцата за последен пат беа домаќини на официјален настан во белата куќа, пред истекот на мандатот на Барак како претседател на САД.
Мишел Обама уште на инаугурацијата на својот сопруг се издвои во моден аспект, низ неговиот мандат покаќа бројни успени стајлинзи, а и крајот е блескав. Oваа тоалета од колекцијата на висока мода Atelier Versace, креирана од златни ланци, со асиметрично деколте и драпирање во горниот корсетиран дел, многу лесно може да изгледа неприкладно за висок државен настан, дури и помалку кичесто, но Мишел успеа да ја претстави во добро светло благодарение на нејзиниот харизматичен карактер и смелиот моден стил. Таа избра модел италијанската модна куќа како почит кон гостите на вечерата, италијанскиот премиер Матео Ренци и првата дама на Италија. сопруга.
Нема коментари