Топ-моделот Миранда Кер дизајнира колекција со креации од џинс во соработка со брендот Mother. Станува збор за 12 џинс парчиња: класични фармерки, здолниште, ѕвонарки и комбинезони, кои ги надополнува со маички и џемпери со интересни написи. Заработката од продажбата на Miranda Kerr x Mother ќе биде наменета во хумани цели. Во промотивната фотосесија за мини-линијата со креациите од излитен џинс позира самата Кер.
Нема коментари