Австралискиот супермодел Миранда Кер е избрана за ново лице на шведскиот моден гигант H&M. Таа ќе ја промовира кампањато пролет-лето 2014. Ова беше обелоденето вчера на профилот на H&M на „Инстаграм“, преку кусо видео, на кое се појавува манекенката велејќи: „Јас сум Миранда Кер и јас сум новото лице на пролетната кампања на H&M’. (I’m Miranda Kerr and I’m the new face of H&M spring campaign. Stayed tuned for more).
Ангажманот за овој high street бренд следува по успешните соработки на Кер со „Манго“. Таа оди по стапките на својата колешка Жизел Бундшен, со која работеа на шоуата на „Викторија сикрет“, и која исто така беше лице на H&M. Првите фотографии од кампањата ќе бидат објавени во март. Миранда ќе помогне H&M да се лансира и во нејзината родна Австралија.
Нема коментари