Апсолвентката на Харвард, Грејс Чои смисли 3Д-принтер за шминка, кој го нарече „Минк“. Изумот би можел да ја промени козметичката индустрија и да им помогне на сите што се неодлучни и што сакаат да имаат избор од поголема палетан на шминки. Овој 3Д-принтер може да испечати било каква шминка и во било која нијанса. Процесот на печатење почнува со преземање на точниот код на пигментот од фотографија, потоа се поврзува малиот уред со вашиот компјутер и можете да креирате бесконечен број на руменила за образи и сенки за очи во сите бои.
На технолошката конференција во САД, Чои неодамна демонстрира како работи принтерот. Таа планира еден „Минк“ да го продава по 300 долари. Цената е сосема разумна, акосе земе предвид декаокако ќе го купите принтерот нема даима потреба да набавувате шминка.
Нема коментари