По десет години пауза Мадона повторно е ѕвезда на рекламна кампања на брендот „Версаче“ за пролет-лето 2015 со фотографии на Мерт и Маркус, фотографскиот тандем со кого ја сними и контроверзната фотосесија за новот мрој на Interview. Мерт Алас објави прв поглед на кампањата на својот профил на „Инстаграм“, а веднаш потоа „Версаче“ ја објави целосната кампања. Ова не е првпат Мадона да го рекламира брендот, таа во 90-тите и во првата декада од новиот век неколку пати беше заштитно лице на „Версаче“.
Нема коментари