Спротивно на својата претходна кампања, која беше во мрачна атмосфера со Мајли Сајрус како главна ѕвезда, славниот дизајнер Марк Џејкобс ја најавува својата есенска линија во чист, бел, свеж амбиент. Тој се враќа на основите, преставувајќи ги едноставните креации во минималистичка форма. Деновиве во медиумите е претствена првата фотографија од новата кампања што ја сними Дејвид Симс. На фотографиите манекенките Џулија Нобис и Валеска Горчевски се налик на кукли или роботи, во бели креации и едноставнии нагласени форми, кои најавуваат елегантна и андрогена линија.
Нема коментари