Познатите манекени Дуцен Крос и Андрес Веленкосо се заштитни лица на новата кампања на брендот Massimo Dutti за колекција за претстојната пролет. Поточно се работи за лимитирана серија инспирирана од градот Њујорк, во која акцентот е ставен на класиката и минималистичката естетика, надополнета со препознатливата елеганција и софистицираност на брендот. Кај Massimo Dutti секогаш внимаваат на квалитетот на креациите, овојпат дизајнерите се фокусираа на безвременски парчиња со едноставен крој во неутрална палета на бела, црна и светло кафена боја – мантил и машки јакни од превретан кожа, свилени блузи, плисирани здолништа и килот-панталони, миди фустани и класични машки сакоа.
Нема коментари