Холандскиот дизајнерски тандем Виктор и Ролф е познат по авангардниот пристап во модата, што се насетува и во последната свадбена колекција во која моделите претставуваат „современо истражување на луксузните венчаници“. Колекцијата е мешавина на минимализам и авангардност, скулптурани форми карактеристични за 60-тите и остри линии. „Сакавме да го измешаме нашето патување и истражување низ модниот свет на луксузните свадбени фустани. Нашите скулптурални дизајни се создадени со фокус на класични елементи како машни и раскошен тул, но исто така и со изглед во кој се препознава нашата работа“, изјавија дизајнерите.
За разлика од другите дизајнери кои сакаат да експериментираат со различни стилови, Виктор и Ролф остануваат доследни на она во што се најдобри. Свадбените фустани се украсени со гломазни, упадливи машни кои на целата колекција додаваат бајковиден изглед. Тие креираа сатенски фустани со широки здолништа, внчаници со мини должина и свадбени модели во форма на комбинезон и женски костим, украсени со со интригантни детали како 3Д цветови и кристали.
Нема коментари