После гигантскиот сламен шешир и огромните троби од претходните колекции, дизајнерот Симон Порт Жакемус на ревијата за есен-зима 2019/20 отиде драстично на спротивната страна и прикажа минијатурната верзија на веќе малата чанта од моделот Le Chiquito. Ова малечко дизајнерско парче веројатно не собира ни една паричка, ама чини преку 500 долари. Микрочантите Жакемус ги употреби како покани за неговата ревија што се одржа пред неколку дена во Париз, потоа ги претстави и на самата ревија, заедно со останатите модни детали и неколку чанти со нормална и голема димензија.
Веќе некое време на модната публика омилен ѝе моделот на мала чанта Le Chiquito (лево), ама пред неколку дена Жакемус претстави уште помала верзија на оваа чанта
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари