Во последната деценија и повеќе успешно се избегнуваа старовремските правила дека чантата и чевлите треба да се во иста боја, ама и тоа дека шминката треба да е во иста нијанса со облеката. Таа усогласеност се сметаше за демоде и беше заменета со распар изгледи на полето на секој сегмент на модата и убавината, како своевден израз на автентичен стил, па намерно се носеше шминка во боја која не мора да е иста со гардеробата, или пак карминот не мора да е во иста боја со лакот на ноктите на рацете. Ама на последното доделување на наградите SAG Awards кај неколку актерки забележавме еден нов бјути тренд на иста нијанска на карминот и на фустанот. Па така Кејли Куоко својата бледо розова тоалета од „Маркеза“ ја стилзиирала со бледо розов кармин и руменило во слична нијанса. Софи Тарнер, ѕвездата од серијата „Игра на тронови“, исто така се одлучи да го усклади црвениот фустан од „Луј Витон“ со црвен кармин. Тејлор Шилинг не само што носеше бордо фустан и бордо кармин, туку и ноктите и беа обоеи во оваа нијанса.
Нема коментари