Младите македонски модни брендови Basilea и Magda Station ги обединија силите во нова мини колекција женски кошули. Младата дизајнерка Магдалена Таневска, која стои зад брендот Magda Station и нејзината колешка Василија Чали, која е креторка на Basilea направиле редизајн на класичната бела кошула, со нагласен волумен и со апликации насликани од уметникот Мартин Џепароски.
-Оваа соработка ни е прва официјална помегу „Басилеа“ и „Магда“, затоа што ќе соработуваме почество во иднина решивме да се нарецеме BAM (Basileia and Magda). Идејата ни беше да направиме нов изглед на веќе оригиналниот крој на една кошула, трансформација во фустан, со длабоки отвори од страните или пак разграден заден дел како крилата на една пеперутка, сетоа тоа надоградено со боја – цртез за уникатен и впечатлив изглед. Носливо, уметницко дело. Мини колекцијата ќе ја надополнуваме во наредниов период, бидејќи првите парчиња веќе се распродадоа-вели Магдалена.
Неодамна во култниот локал New Age снимија и едиторијалот во соработка со Vetigo Creative Photography, а како модел се јавува младата пејачка Теа Трајковска. (А.Н.С.)
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари