Модни додатоци и накит од неколку домашни креативци ќе бидат изложени на Мини базарот на рачни изработки што во сабота на пладне ќе се одржи во „Цреша бар“. На штандовите во кафулето ќе бидат изложени шарените обетки и брошеви од боено дрво на M craft’s, хартиените креации од Naer Vaer, накит од месинг и сребро од Елена Ристовска, еко производите на Wizart, зад кој стои Јасмина Главинче, плетени обетки и ѓердани од Елена Ставреска која работи под брендот Dimension ELF и уникатните модели од Vladodlak Imaginarium.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари