Рафинирана, женствена, со силен личен печат, но не и нападна, е линијата што модната куќа „Диор“ ја предлага за сезоната предесен 2014. Дизајнерот Раф Симонс ја искористил вечната класика и гламурозниот крој, традиционално присутен во колекциите на брендот. Направил чекор напред, кратејќи го предниот дел од балон-фустаните и здолништата и давајќи му модерен момент на моделот. Креациите се за девојки кои ја сакаат суптилната игра со дезени и шари (како карото), а има и модели со принтови, на блузите и фустаните. Понудени се варијации на фустаните со кратки ракави, надополнети со плетена ролка или околувратник. Палтата и капутите се елегантна верзија на спортски модели, а има и боена бунда инспирирана од уличната мода. Застапен е и фустан скроен на основа на елек.
Нема коментари