Во рамките на Лондонската недела на машка мода колекција за пролет-лето 2018 претстави и брендот KTZ на Марјан Пејоски, еклектична пост-панк визија со доминантни милитаристички и готски елементи. Брендот ја продолжува естетиката на современа улична мода во комбинација со урбан утилитаризам, а вообичаениот црно-бел спој сега е дополнет со маслинесто зелена, кариран дезен и метални синџири. Клучни парчиња во колекцијата се сакоа, бомбер јакни и панталони во војнички амблеми, јакни и наметки со пачворк, синџири како пораб на пончоа, модели со препознатливата KTZ типографија и војнички чизми. Лондонскиот бренд KTZ е основан од позантиот дизајнер Марјан Пејоски и од Сашко Брезовски, а од неодамна со брендот соработува и Ненад Секирарски.
Нема коментари